Потребна ви е само една намирница и велигденските јајца ќе изгледаат како уметничко дело (ВИДЕО)

 

Велигденски јајца со биолетова боја со мермерна шара- ако ви звучи интересно, се што ви треба е  една намирница, а тоа е сушени цветови од хибискус, односно чај.

Потребно:

- бели јајца

- 80 грама чај од хибискус (доволно за 10 јајца)

- 1 лажица алкохолен оцет

- најлонска фолија

Во тенџере ставете вода, сипете го оцетот и чајот. Откако водата ќе се загре и биде пред вриење, ставете ги и јајцата. Оставете да се варат јајцата на тивок оган. Откако ќе се сварат и ќе фатат боја може да ги тргнете од оган. Извадете ги јајцата и секое од нив замотајте го во најлонска фолија и со него ставете и некоку цветови од хибискус кои веќе сте ги вареле. Така завитканите јајца заедно со световите од хибискус оставете ги да стојат половина час. Потоа омотајте ги и оставете ги да се исушат, па премачкајте ги со зејтин.

Оваа придодно добиена боја и шара ќе ве воодушеви.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега