ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ луѓето губеа работни места а денес со еден проект се вработуваат 1.600 лица

        

  СДСМ очигледно не може да се помири со фактот дека 1600 семејства од Македонија добија можност за достоинствена егзистенција низ една транспарентна постапка.

          Барем да се одважеа и да го поздрават овој проект со кој вработување добија 1600 лица, од кои во голем број беа и членови на СДСМ, членови на други политички партии, но и лица кои не се членови на ниту една партија.

          Дали за СДСМ е штетно што во 1600 вработени во ЈП Македонски Шуми се јавуваат и членови на СДСM. За да биде јавноста подобро информирана ние ќе споменеме само дел од членовите на СДСМ кои добија работа со овој оглас.

  • Невенка Николовска, претседател на Форумот на жени на СДСМ Ранковце,
  • Јоже Николоски,член на СДСМ од Македонски Брод,
  • Боро Апостолоски, член на СДСМ од Македонски Брод,
  • Маре Димановска, хонорарно вработена ОО СДСМ во Битола,
  • Гордана Ангеловска, активист на СДСМ од Битола и набљудувач за време на изборите,
  • Звонко Димоски, брат на шефот на обезбедување на СДСМ Прилеп, човекот што ги нападна таткото и детето во Отпорот,
  • Викторија Божиновска, сестра на Денис Батаклиев кој беше пред неколку години во најтесен избор за претседател на ОО СДСМ Прилеп,
  • Оливера Стеваноска, член на СДСМ Прилеп вкчучена во нивната акција од врата на врата за време на последните локални избори.

          Како и во овие случаи, така и во случаите кои неосновано ги споменува СДСМ, се работи за лица кои ги исполнуваат критериумите за вработување во ЈП Македонски Шуми.

          Со овој проект на Владата се вработени и членови на СДСМ и членови на ВМРО-ДПМНЕ и членови на ДУИ и членови на ДПА и членови на други партии, како и граѓани кои не се партиски определени.

          Зарем овие луѓе ако се членови на политичка партија немаат социјални проблеми. И овие луѓе како и голем број други граѓани на Република Македонија имаат тешки судбини и доблесно е да им се помогне.

           СДСМ  мора да прекине да манипулира. Во времето кога тие ја практикуваа власта не направија ниту еден сличен проект со кој ќе им се помогне на семејствата во Македонија кои припаѓаат на ранливите социјални категории.

 

          Ако денес со еден проект се  обезбедува работа на 1600 лица, во време на СДСМ луѓе губеа работни места и се создаваа социјални случаи.

Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

21.10.2013 - 16:37

најчитано сега