Манчевски: Нема доказ дека 5Г има драматично влијание врз животниот век на луѓето
Моментално нема активни 5 Г мрежи во земјава, на дело се спроведува организирана кампања за ширење на лажни вести, рече министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во 360 степени на Алсат М.
-Имавме кампања дека врапчиња умреле поради 5Г иако таква мрежа нема. Имаше тест-период во декември 2019 кога Телеком тестираше 5Г на ограничена територија, се мереше брзина и проток на информации, како функционира мрежата итн. Во многу земји се јавија сомнежи, како во Белгија, но Брисел ја закочи имплементацијата, додека остатокот од Белгија е покриена со сигнал. Исто е и со Швајцарија – рече Манчевски.
Тој посочи дека министерството усвоило национален оперативен план за воведување на 5 Г мрежите, а Агенцијата за електронски комуникација како регулаторно тело до крајот на годинава требало да распише оглас за доделување на фрекфенции за 5Г.
-СЗО нема извадено ниеден доказ за штетност на овие мрежи. Факт е дека ние цело време сме изложени на различни видови на радиобранови и зрачења. Но, животниот век денес е поголем отколку во времето кога немало вакви зрачења. Тоа укажува дека овие зрачења немаат драматично влијание врз животниот век на луѓето – истакна Манчевски.
Сепак, доколку се појават релевантни научни докази во овој сегмент, тој рече дека ќе бидат преземени соодветни мерки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа