Седум работи за заштитните маски кои треба да ги знаеме - кој треба да ги носи и што е поефиксно од нив

 

Докторката Меган Мегинти, професорка по медицински науки на Универзитетот во Вашинготн, вели дека има седум ајважни ставки за маските, кои треба да ги знаеме.

1. Маските не се респиратор - маската за лице не се припијува цврсто до кожата, но претставува одредена бариера меѓу носот и устата со надворешната околина. Сепак, таа не е наменета за заштита од респираторни болести туку главно за заштита од вдишување на големи честички, како што се честичките прашина, рекла докторката.

2. Здравите лица не треба да носат маска  професорката рекла дека општа препорака е дека никој не треба да носи маска додека тоа не му го каже лекар.

3. Платнената маска не заштитува од вируси - обичната маска каква повеќето луѓе користат нема да ве заштити од коронавирусот ниту од другите респираторни инфкеции. Таквите маски не се направени да ги филтрираат овие видови честички, а и не се допираат цврсто до лицето, па честичките може да влезат под ткаенината и да ги вдишете.

4. Маските пропуштаат - со оглед на тоа дека маските не се добро прицврстени за лицето низ нив може да помине воздух.

Експерт напоменал дека ако ги носи секој кој стигне, а притоа не знае да ги користи, нема да има доволно за медицинските лица.

5.Хируршките маски може да спречат да ширите вируси - експертите велат дека заштитните маски може и да ги заштитат другите од симптомите, односно бактериите, кои можеби вие ги имате.

6. Маските создаваат лажно чувство на сигурност - и покрај се споменато, луѓето и натаму носат маска, имаат чувство дека се заштитени, па додека ги имаат на лице, го прават она што не би требало - допираат разни површини, истовремено допираат или тријат очи и лице што е вид на изложеност која најчесто доведува до зараза.

7. Заштитата им е попотребна на медицинските работници - се потешко е да се набават респиратори кои на медицинските работници им се се попотребни од нас. Докторите апелираат, луѓето да ја намалат употребата на хируршки маски кои ним им се попотребни, поради секојдневниот контакт со болни лица. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2020 - 12:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега