Чудо на народната медицина: Овој напиток лекува над 20 болести, од дијабетес до белодробни инфекции
Тегавец е растение без кое било кој двор е незамислив – расте во изобилие, а може да се користи во свеж облик во текот на топлиот дел од годината или да се замрзне и користи во текот на зимскиот период.
Има женски и машки тегавец чии лековити својства се речиси идентични. Многумина се во заблуда дека женскиот тегавец е коров, не познавајќи ги неверојатните придобивки од оваа лековита билка. Листовите на женскиот тегавец можат да се јадат, па затоа често се користат за припрема на салата или варива.
Тегавецот може да се користи во облик на чај, но и како мелем или облоги. Слузта која ја содржи ги ублажува воспаленијата на слузницата, па затоа е одличен лек против кашлица и бронхитис. Исто така, тегавецот може да ги олесни симптомите на астма, воспаление на слузокожата на дишните патишта, ларингитис, фарингитис и различни алергиски реакции кои предизвикуваат проблеми со дишењето.
Новите истражувања покажуваат дека екстрактот од тегавец успешно делува кај белодробните инфекции, со што се потврдени неговите антибактериски својства.
Освен тоа, тегавецот го поттикнува метаболизмот и го отстранува пролетниот умор, ги ублажува симптомите на инфекција на уринарниот тракт како и воспаленијата на мочниот меур и бубрезите.
Ова растение успешно го регулира нивото на холестерол, се покажало како моќен сојузник во борба против дијабетесот и синдромот на иритабилни црева.
За да припремите чај користете ги само листовите кои претходно сте ги исушиле на сонце.
Начин на припрема:
Прелијте една супена лажичка сушен тегавец со 250 милилитри зовриена вода и оставете да отстои 10 минути. Чајот е најдобро да се пие додека е топол.
Облоги од тегавец
За намалување на отоците од убодите од инсекти, направете топчиња од свежи листови женски тегавец и зелена глина и помешајте ги со вода. Добиената паста овозможува ублажување на симптомите од убоди и каснатини, како и намалување на иритациите, но и проширените вени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа