Оваа Италијанка е најголема мистерија за лекарите: Позитивна е на коронавирусот 56 дена, а нема симптоми

 

Млада Италијанка, манекенката Бјанка Добриу е една од првите лица во Болоња кај која е потврден коронавирусот. Таа на вирусот е позитивна цели 56 дена, а подолго време нема никакви симптоми.

Бјанка е хоспитализирана во болницата Сент Орсол во Боложа на 28 февруари со температура од 40.7 степени и истиот ден и е потврден коронавирусот.

Пуштена е од болница на 6 март и останала во самоизолација бидејќи била во критична состојба.

Од тогаш редовно оди на тестови и на сите четири била позитивна, а во еден случај резултати биле нејасни.

Шестиот тест кој бил направен минатата недела исто така бил позитивен.

-Пациентот е во ред, но тестовите се позитивно. Внимателно го проучуваме нејзиниот случај. Што е до нас, никој друг во Италија не бил толку време позитивен. Инаку, позитивните резултати не траат повеќе од четири дена, вели експерт за инфекции од Италија, Луциано Атард.

Бјанка за локалните медиуми изјавила дека не е премногу загрижена поради резултатите и се чувствува добро. Се наоѓа во изолација со мајка ѝ која три пати е тестирана и сите резултати се негативни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега