Промена на бојата на прстите на стапалата: Лекари од САД открија нов симптом на коронавирусот
Лекарите во САД откриле дека постои нов симптом кај заболените со коронавирусот, кој се манифестира со промена на бојата на прстите на нозете.
Имено прстите на нозете стануваат црвени, изгледаат како после изложеност на студ, пренесува Дејли Меил.
Последниот пријавен симптом беше оној со згрутчувањето на крвта, што го забележаа лекарите од разни специјализации и полиња, што, меѓу другото, доведува до мозочен удар.
Неодамна, заедно со пациентите, тие посочија на нов симптом, кој го опишуваат како вид на зуење низ телото, што, додаде, е знак дека телото конечно се бори против вирусот.
Останатите симптоми на оваа болест се грозница, болки, тешко дишење, замор, сува кашлица, дијареа, но од друга страна пак кај некои пациенти не предизвикува никакви сиптоми.
Пријавени се и невролошки симптоми, како што се вртоглавица и главоболка, атаксија, што е опишано како недостаток на координација на движење, како што се одење или кревање на предмети.
Атаксија може да влијае на говорот, движење на очите и способмоста за голтање.
Ширум светот заразени се повеќе од 2,7 милиони луѓе.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа