Тешко се исфрла од исхраната: Оваа намирница го уништува мозокот, а ја конзумираме секој ден

 

За да можеме да одолееме на желбите, ќе мора да го потиснеме нашиот природен одговор на препуштање во овие вкусни јадења.

Мрежа на инхибиторни неврони е клучна за контролирање на однесувањето. Овие неврони се како мозочни сопирачки и се концентрирани во префронталниот кортекс - клучна област на мозокот вклучена во донесувањето одлуки, контролата на импулсот и одложувањето на задоволството.

Истражувањата кај стаорци покажале дека конзумирањето храна со висок процент на шеќер може да ги смени инхибиторните неврони.

Стаорците кои биле хранети со шеќер покажуваат помала способност да го контролираат нивното однесување и донесување одлуки. Тоа покажува дека она што го јадеме може да влијае на нашата способност да се спротивставиме на искушението и може да биде објаснување зошто промените во исхраната се толку тешки за луѓето.

Една неодамнешна студија откри дека луѓето кои редовно консумирале храна со висок процент на маснотии и шеќер, имале поголема тенденција да јадат, дури и кога не биле гладни.

Ова докажува дека редовно консумирање храна со висока содржина на шеќер може да ги зголеми желбите, создавајќи „маѓепасан круг“ Мозокот ќе бара повеќе шеќер.

Шеќерот може да го поремети помнењето

Друга област на мозокот под влијание на овој вид храна е хипокампусот - клучен мемориски центар. Промените предизвикани од шеќер во хипокампусот се поврзани со намалување на новородените неврони, кои се клучни за кодирање на меморијата.

Како да го заштитите мозокот од шеќери

СЗО советува да го ограничиме нивото на внесување на шеќери на пет проценти дневно, што е 25 грама, односно шест лажици шеќер.

Просечното возрасно лице конзумира околу 85 грама, што е 20 супени лажици шеќер на ден, ова е за многумина голема промена во исхраната.

Невропластичните способности на мозокот овозможуваат да се ресетира до одреден степен по намалувањето на шеќерот во диетата, а физичкото вежбање може да го забрза овој процес.

Храната богата со омега-3 масни киселини, кои се наоѓаат во рибиното масло, ореви и семиња, исто така се невропротективни и можат да ја зајакнат мозочната хемикалија потребна за производство на нови неврони.

Не е лесно да се справите со старите навики, бидејќи, како што велат, првиот чекор е секогаш најтежок. Сепак, менувањето на вашиот режим на исхрана со текот на времето станува полесно, а она што го донесувате нема цена. Секако вашиот мозок ќе ви биде благодарен за тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.04.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега