Издадено предупредување до лекарите: Деца доаѓаат на интензивна него во Британија со воспаление на срцето

 

 

Британскиот здравствен систем (NHS) издаде итно предупредување до лекарите за појава на сериозен „воспалителен синдром“ кај поголем број на деца кои завршуваат на интензивна нега, кои може да бидат поврзани со коронарниот вирус, пренесува „Дејли мејл“.

- Постои зголемена загриженост дека овој синдром е поврзан со Ковид-19, а се појавил меѓу децата во Велика Британија - дел од предупредувањето добиено од лекарите за лекување и раководителите на здравствените установи во Лондон.

Симптоми кои се јавуваат кај деца се болки во стомакот, гастроентеролошки проблеми како што се дијареја и повраќање, но и воспаление на разни органи, вклучително и на срцето. Она што дополнително ги збунува лекарите е тоа што некои од најмладите пациенти се негативни од корона, па затоа не е исклучено да се работи за друг патоген.

Зголемување на овие случаи е забележано кај деца од сите возрасти во различни делови на земјата, а лекарите ја споредиле мистериозната болест со синдромот на токсичен шок и болеста Кавасаки, кои во комбинација доведуваат до отекување на внатрешните органи, скратен здив и треска, слично на Ковид-19.

Засега не се знае точноколу деца биле заболен и со новиот синдром, на која возраст се точно, ниту пакдали има некои од децата починто поради него.Сепак судејќи по неименуван педијатар мал број на деца се погодени со мистериозната болест, па тој не ја изклучува можноста за тоа да е одговорен некој друг вирус, а не короната, се наведува во британскиот весник.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега