Се огласи некогашната куќна помошничка на Лепа Брена: Откри како и поминале годините работејќи за пејачката

 

Некогашна куќна помошничка која со години работела во домот на спската пејачка Лепа Брена се огласи и проговори за годините кои ги поминала во вилата на Живоиновиќ.

Како што наведува, револтирана е од приказните дека Брена е скржава, па откри како таа гледа на пејачката.

- Верувајте ми, Брена е инзвонредна жена. Спрема моето семејство беше како да е нејзино“ рекла жената чие име не сакала да биде откриено.

- Кога и да завршев со работа и ќе тргнев да си одам дома, таа ќе ми подготвеше храна, овошје, сокови, благо... не сакаше ни да чуе да си заминам дома со празни раце, а тоа немаше никаква врска со платата. За гардероба да не зборувам.Купуваше капути и за мене и за мојата ќерка и ни даваше облека за секаква прилика“ рекла некогашната куќна помошничка на Лепа Брена.

-Благодарение на неа моите деца завршија факултет- рекла жената и навела дека и понатака би работела за неа да не е толку стара.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.04.2020 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега