За 60 дена потполно сам изгради куќа од соништата- има и базен (ВИДЕО)
Во епидемијата од коронавирусот многумина се посветија на своето хоби. Некој слика, некој резба, а некој можеби и размислува да изгради нешто. Во потрагата по оргинална идеја, снимката од господинот Тфуе последнава недела стана вирална.
Всушност, во прашање е господин кој се одлучил да изгради подземно село во Јужна Америка, но еден од првите проекти му била куќа со базен. Верувале или не, тој ја изградил потполно сам и тоа за само 60 дена!
Снимката на која се гледа како Тфуе гради дворец од соништата со своите 10 прсти, ја прегледале повеќе од 80 милиони луѓе, бидејќи тоа што тој го направил изгледа навистина неверојатно.
Но, Тфуе не е осамен во своите изуми. Така последните денови големо внимание на јавноста привлече и снимката од момче кое успеа да изгради своја теретана. Иако снимката е од пред неколку години, последниве денови е многу гледана, веројатно затоа што луѓето бараат начин да останат во форма и да држат социјална дистанца.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа