Драма во Русија: Докторка одбила да лечи заболени од коронавирусот, па паднала од прозорец од петтиот спрат
Угледна докторка во Русија паднала од петти спрат од болницата од прозорот на својата ординација. Се сѐ случило за време на конференција кога и е речено дека ќе мора да прима и пациенти заразени со коронавирус.
Д-р Јелена Непомњашаја (47), мајка на две деца, се спротивставила на соопштението, наводно поради „акутен недостаток“ на заштитна опрема за лекарите и медицинските сестри.
„Сега се бори за живот на интензивна нега откако паднала од петти спрат, но докторите одбиваат да раговараат за нејзината состојба и шансите да преживее, се наведува во медиумите.
Како што е наведено во медиумите, за време на несреќата немало пациенти заболени од коронавирусот.
Полицијата ги истражува околностите и како се случила несреќта.
Краснојарск е главен град на вториот по големина регион во Руската Федерација. Трагедијата следува по другите извештаи дека лекарите во многу руски региони се откажале од своите работни места во знак на протест поради недостаток на заштитна опрема.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа