Министерката Јанкулоска се сретна со својот кинески колега

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, од денеска е во неколкудневна посета на Кина. На првиот ден од посетата министерката оствари средба со кинескиот министер за јавна безбедност Гуо Сенгкун.

- Денешната прва посета на македонски министер за внатрешни работи на Кина е добра основа за подигнување на меѓусебната соработка на повисоко ниво“, оцени кинескиот министер Сенгкун, и додаде дека Јанкулоска доаѓа во значаен момент кога се одбележуваат 20 години од дипломатските односи меѓу Република Македонија и Н. Р. Кина.

Првиот човек на кинеската полиција смета дека е создадена солидна основа за натамошно унапредување на односите, заблагодарувајќи се за помошта во неколку значајни случаи. Двајцата министри се согласиле дека е неопходно формализирање на односите во правна рамка и најавија потпишување на меморандум за соработка, стои во соопштението.

На средбата министертите заклучиле дека размената на искуства ќе ги збогати двете полиции.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска предвидено е да ја посети и Специјалната полициска академија и Шангајската полиција. 

22.10.2013 - 10:41
Фото: 
вмро-дпмне.орг

најчитано сега