ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нападнати од некаков спам ги пуштаат старите соопштенија

Нејасно е каква е поврзаноста на соопштението на СДСМ со фактите кои ги изнесоивме, а  говорат дека Владата на СДСМ спровела  општ грабеж на народните пари за корумпирање на избори. СДСМ нападнати од некаков спам ги пуштаат старите соопштенија, велат во реакција од ВМРО-ДПМНЕ.

„Знаеме дека реакцијатана СДСМ ќе бидат преполни со невистини, општи флоскули и манипулации и без ниту еден осврт на фактите кои ги изнесовме. Нека посочат кој од овие факти ги демантираат-

  Факт број 1 За само три месеци од годината со цел поткуп на гласачи се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година односно неверојатни 120 милиони евра.

Факт број 2 за три месеци го задолжиле секое семејство за нови 15 илјади денари.

Фаkт број 3 Уште една лага на Зоран Заев и СДСМ заврши неславно, имено во првите три месеци од фискалната година од буџетската сметка беа сервисирани задолжувања во вредност од околу 308 милиони евра и тоа 170 милиони евра долг кон доверители од странство, 18 милиони евра долг кон доверители од Македонија, а дополнителни 120 милиони евра беше сервисирање на буџетскиот дефицит односно за толку помалку собраа од тоа што потрошија во првите три месеци.

Факт број 4, дупката во буџетот до крајот на годината која треба да се покрие поради неспособноста на Заев и Спасовски е 1 милијарда 376,2 милиони евра.

 

Она што е сигурно дека спроведен е општ грабеж на народните пари преку криминални тендери и грантови“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2020 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега