Петров: Одлуката на Уставниот суд е срамна и недозволива, против солидарноста и на штета на граѓаните

 

 

 

Денешната одлука на Уставниот суд со која отвора постапка за поништување на Уредбата за намалување на платите на 14.500 денари на судиите, обвинителите, функционерите и пратениците е срамна и недозволива, рече денеска на прес- конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

 

 

 

„СДСМ најостро ја осудува оваа срмана одлука на Уставниот суд која е против солидарноста и на директна штета на борбата против коронавирусот, на директна штета на граѓаните.

Со ова, Уставниот суд спречи обезбедување на 240 милиони денари, или околу 4 милиони евра во Буџетот за државата за мерки за справување со кризата со коронавирусот.

Довербата во Уставниот суд повторно е поткопана. Ја поставува неправдата како соперник во борбата против економските последици од коронавирусот.

Уште еднаш, се потврдува потребата и програмската определба на СДСМ за прочистување на судството. “ рече на Прес- конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ

 

 

 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2020 - 16:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега