„Посакуваа да цркнам,а мене ми се чинеше како некој да ме сече со нож“- Ѓорѓе Давид до детали зборуваше како го преживеа коронавирусот

 

Ѓорѓе Давид проговори за својата здравствнеа состојба откако прележа коронавирус.

Музичарот детално објасни што му се случувало додека бил болен.

„Само ќе кажам дека на 20 март сфатив дека немам чуство ни за мирис ни за вкус. Се појави зуење на ушите.Ми солзеа очите и ми течеше носот, имав температура која постојано се покачува. Почнав да губам и рамнотежа. После почна телото да ми трне одвнатре, а од надвор ми се чинеше како некој по цела кожа силно да ме штипе. Температурата ми идеше и до 39, имав впечаток како да ме нападнале демони“ рекол Ѓорѓе па додал:

„На 24 имав „прекини во филмот“, се будев со чувство дека сум дремнал 40 минути, а тоа веќе 12 на пладне.Мерам температура и сватив дека веќе сум во дебакл со себе си и дека не можам повеќе да се лажам себе си. Кашлав, а ми се чиеше како некој да ме сече со нож од грлото до долниот дел на стомакот, тоа страшно ме малтретираше. Веднаш ме задржаа во болница, не ми дадоа да си ги земам работите. Имам „дупки“ во сеќавањето, бидејќи бев во полусвесна состојба. Пиев по две пилули, црвена и бела“ раскажува тој.

Ѓорѓе на оние кои го „плукаа“ им порача само едно.

„Само да им кажам на оние кои ми посакаа да цркнам, ми рекоа дека сум пропадната душа, дека сум добил пари. Друга варијанта е дека сум бил дома, а целата работа може лесно да се провери. Ако се појават уште еднаш ќе бидам вооружен“ рекол Ѓорѓе во „Амиџи шоу“.

„Иман шанси 50/50 да преживеам, а Бане Обрадовиќ, кој сега е добар, имаше 80 посто шанси да преживее, рекол тој.

„Јас од болница им порачав на сите да ги слушаат препораките и претседателот и тука тргнаа приказните против мене. Се излечив и сакам да дадам плазма, се надевам дека ќе спасам барем еден живот и благодарен сум на сите оние кои ми помогнаа да го зачувам мојот“ рекол Ѓорѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 10:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега