ВМРО-ДПМНЕ: Додека на светско ниво нафтата вртоглаво паѓа владата која ја предводи СДСМ ја покачува

Цената на нафтата во светот паѓа, а СДСМ покачува акциза, ќе го полнат Буџетот од џебот на граѓаните, велат во соопштение од ВМРО- ДПМНЕ.

„Додека на светско ниво нафтата вртоглаво паѓа владата која ја предводи СДСМ ја покачува и упорно ги лаже и убедува граѓаните дека тоа нема да предизвика ценовен шок и инфлација.

Со овој чекор на владата, ќе настрадаат сите граѓани, бидејќи зголемената цена на нафтата и акцизата значи отворање на спиралата на инфлацијата: повисоки цени на превозот, повисоки цени на прехранбените и сите други производи.

Откако е СДСМ дојден на власт цената на дизелот е зголемена за фрапантни 40%.

Предвидувањата на светските аналитичари е дека цената на нафтата уште подолго време ќе остане ниска, само СДСМ ја покачува цената за да поединци се збогатуваат и профитираат и сето тоа врз грбот на веќе осиромашениот македонски народ.

Без економски план за санирање на здравствената и економската криза, владата на СДСМ реши да собира пари од народот, преку зголемување на горивата и акцизата.

Зголемувањето на акцизата на горивата не само што ги засега буџетите на граѓаните на Република Македонија, туку тоа ги засега и стопанството и фирмите и компаниите, превозниците, таксистите и земјоделците.

Наместо подобар и побогат живот за граѓаните, СДСМ ги опљачка граѓаните и им донесе сиромаштија и глад.“ стои во соопштеието од ВМРО- ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2020 - 15:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега