Драган Б.Костиќ за Вучиќ: Ми рече - „Не верувај никому, работи сам, или по твое”
Колеги, пријатели, фанови, блиски, преку социјалните мрежи се простуваат од Драган Вучиќ, кој почина поради вложување на состојбата од корона вирусот. Емотивен статус на својот Фб профил напиша и легенда во македонскиот радио етер Драган Б. Костиќ. Тој напиша:
– Не паметам кога прв пат сум се сретнал со него.Но, многу одамна.
Паметам кога последен пат сум се слушнал со него.
Неодамна, телефонски, ме побара да провери да ли е вистина една вест која допрела до него. Ме посоветува бидејки во тој естраден одел беше далеку поискусен од мене.
Ми рече: “Не верувај никому.Работи сам,Или по твое”.
А тој работеше.И тоа многу.Постојано измислувајки нови содржини на истата форма: ВОДИТЕЛ НА ЕМИСИИ ЗА НАРОД.
Иако раскрупнет, ми делуваше многу здраво.
Мажевно. Сигурно.Достоинствен во вербата во она што го прави.
А тоа што го создавал, нематеријалното, не го однел со себе.
Го оставил за да сведочи за него.
Ќе го памтам по многу нешта, добри, а особено по неговото учество во емисијата Б со точка.Кое е веојатно една од најдобрите самораскажани биографии. Пред рамно две години.
Име, патувај таму каде што и многумина пред тебе но и по тебе. Со верба дека е тоа подобро место од ова.
Почивај во мир, напиша Костиќ на ФБ и ја сподели неговата емисија која имал со Вучиќ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа