Драган Вучиќ испратен во вечниот дом- сопругата не успеа да се збогува со него

 

Денес на градските гробишта во Бутел беше погребан композиторот, пејач и водител, Драган Вучиќ, кој вчера почина како последица од корона вирусот.

Како што налага протоколот, на погребот присуствуваа неговит син Мартин со сопругата и уште тројца членови од семејството, пренесува ммс.мк.

Сопругата на Драган, Весна не присуствувала на погребот.

Подалеку и на растојание имало и околу 40тина блиски на семејството Вучиќ, но и многу колеги и пријатели.

Присутните се запишуваале во книгата на жалост. „Почивај во мир легендо“, „Нека ти е лесен патот кон ангелите“, „Никогаш нема да те заборавиме, легендите не умираат“ се само дел од пораките кои беа запишани во книгата на жалост.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега