„Корона забава“ во сараевски ресторан: Помеѓу присутните пејачи и министер, полицијата ги казни сите

 

Иако во Босна и Херцеговина угостителските објекти сè уште се официјално затворени, очигледно некои мерки не се почитуваат. Босанскиот портал Klix.ba пренесува дека во понеделникот „зад завеси“ во еден сараевски ресторан се случила „корона забава“, каде присуствувале голем број на пејачи и славни личности, меѓу кои и министерот за надворешна трговија и економски односи, Сташа Коштарац.

Меѓу присутните биле и пејачите Халид Бешлиќ, Шериф Коњевиќ, Хари Варешановиќ, Слаѓана Мандиќ, Семир Цериќ и други. Тие се собрале во еден ресторан во Сараево, каде била одржана приватна забава која ја приредил сараевскиот хирург Јусуф Шабановиќ по повод својот роденден.

Иако присутните се обиделе да ја сокријат забавата, меѓу нив била и Слаѓана Мандиќ која целата забава ја снимила на својот инстаграм-профил објавувајќи видеа. Распеаните Шериф, Халид, Хари со чаши во воздухот, се забавувале, а Слаѓана сето тоа го снимила, иако отпосле ги избришала снимките.

Полицијата реагирала и сите учесници во забавата се казнети. По пријавата, полицијата за 15 минути пристигнала во ресторанот. Гостите на „корона-забавата“ на лице место биле казнети со по 500 КМ, а газдата на ресторанот ќе заработи казна помеѓу 2.000 и 10.000 КМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега