Мажите не ги забележуваат овие работи, залудно се расправате на темата

 

Женскиот мозок се фокусира на детали, машкиот не баш толку.

Не дека не им е грижа, туку едноставно не ги забележуваат сите тие ситници кои за нас се од клучна важност.

Ова се шест работи кои мажите најчесто НЕ ги забележуваат кај жените и кои неретко се причинители за многу кавги.

1. Нова торба

Има иста функција како старата, ја преполнуваш со куп работи кои главно не ти се потребни, само е во различна боја.

2. Избричени/неизбричени нозе

Освен ако не наликуваат на обрасната шума, чудо големо ако има по некое влакненце.

3. Нови свеќи

Женската способност да се забележуваат детали, мириси и нијанси, мажите генерално не ја поседуваат. Воопшто не им прави разлика дали свеќата мириса на ванила или јагода, дали е истата од претходната недела или не. На крајот на краиштата, свеќа си е свеќа.

4. Нови чевли

Ретко кога ќе забележат ако не им кажете сами, факт е дека ретко кога гледаат под колената.

5. Целулит

Жените се замараат со целулитот на бутовите – мажите уживаат во облините.

6. Нова фризура

Освен ако не кажете сами, или не се појавите ќелави, не очекувајте да забележат дека сте скратиле пола сантиметар од должината на косата. Така што, нема потреба да врескате дека ништо не забележуваат.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега