Уште не сме се избориле со короната - што советува албански инфектолог

 

Aлбанскиoт инфектолог Тритан Кало вели дека состојбата со коронавирусот е на половина пат и дека не ја покажал целосната слика на проблематиката.

Лекарот објаснува дека личната и колективната хигиена, здравата исхрана, следењето на препораките, не само што не треба да се потценуваат, туку треба да се потенцираат повеќе.

„Ве повикувам, по олеснувањето на мерките, да не го либерализирате или минимизирате нивото на грижа и внимание кон себе, затоа што се уште сме на половина пат и се уште имаме предизвици со кои треба да се соочиме во иднина“, апелира тој. 

Во земјата со новодијагностицираните осум случаи во последното деноноќие, бројот на позитивни е 803 лица.

Соседна Албанија пред Македонија воведе рестриктивни мерки, а премиерот Еди Рама дури и лично шеташе по улиците и укажуваше на пензионерите дека треба да седат дома.

 

На Балканот опаѓа бројот на инфицирани со коронавирусот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега