Пејачката за пријателството со Вучиќ: Откри за што најмногу се карале и ги осуди сите што лошо зборуваа за него

 

Пејачката Росана Сариќ Тодоровска за Женски магазин зборуваше за пријателството со водителот Драган Вучиќ, кого таа го викала Вукле.

Вучиќ почина пред три дена на Клиниката за инфективни болести од коронаиврус, а беше погребан утредента. На социјалните мрежи се огласија многу познати личности кои напишаа емотивни пораки со кои се збогуваа од својот пријател.

„Со Вукле како што го викав јас, па и некои други колеги, поминав 30 години во взаемна соработка. Тој беше човек, пред сè позитивен и секогаш другарски настроен. Почитувањето спрема мене и мојот сопруг е нешто возвишено кое го добивавме од него. Не паметам музички емисии во кои не сум била поканета од негова страна и испочитувана до крај. Ја знам Весна која е со сите другарски расположена и секогаш насмеана. Вукле не ја вадеше од уста, секогаш беше: „Моја Весна…“ Одгледаа дете за восхит. Паметен, вреден, скромен, секогаш на страна и врвен музичар како и тато, наш Мартин“, раскажа Росана за Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.05.2020 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега