Јелена Ѓоковиќ предизвика лавина коментари: Жените се неплодни поради своите заби
Сопругата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, продолжува да споделува здравствени совети на Инстаграм, иако не е ниту лекар, ниту стоматолог. Овој пат таа ги споила двете гранки и зборувала за поврзаноста меѓу плодноста и оралната хигиена. Директорката на Фондацијата Новак Ѓоковиќ тврди дека жените се неплодни заради својата орална хигиена.
– Здравјето од устата исто така влијае на плодноста на жената и денес жените имаат многу проблеми со забременувањето. На тоа многу влијаат проблемите со забите, кариесот, наталожените наслаги на непцата и болестите на непцата – рекла таа во јавувањето во живо на Инстаграм, реферирајќи се на книгата на Надин Артемис, која напишала книга за холистичката нега на здравјето на забите.
Јелена потоа споделила со своите следбеници како треба да ја негуваат усната шуплина.
„Секогаш користете солена вода и сода-бикарбона за да ја исплакнете устата, започнете со чистење на јазикот и непцата со специјални четки; користете забен конец наутро и навечер (воведете и есенцијални масла во рутината, бидејќи тие се антибактериски, антифунгални, антивирусни и антиинфламаторни), жабуркањето на маслото во устата е одлично за воспаление на непцата… “, рекла таа и додала:
– Нежно мијте ги забите, секогаш со меки четки, затоа што кога грубо четкаме, то ги влече непцата. Движењето е „дожд врне, тревата расте“, како што им велат на нашите стоматолози на децата – додала Јелена.
Нејзините следбеници беа изненадени од тврдењето дека оралната хигиена има врска со плодноста.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа