Како клима уредите влијаат на коронавирусот?

 

Со оглед на тоа што доаѓаат потопли денови се поставува прашањето колку средствата за разладување како климите се ризик за здравјето на луѓето кога во прашање е коронавирусот.

Професорката Маја Тодоровиќ од белградскиот Машински факултет за РТ вели дека клмите би можеле да го вратат вирусот во воздухот. Сепак, клима уредите би можеле да имаат и позитивен ефект.

Според неа, пандемијата од коронавирусот не менува ништо кога станува збор за чистењето на клима уредите.

-Ништо не се менува кога домашните клими се во прашање – уредите кои работат со собен воздух. Нема начин нечистотиите од надвор да се внесат, туку само од самиот простор. Ако честички или се внесат во просторот ќе циркулираат и во уредот, вели Тодоровиќ.

Коронавирусот има голема специфична тежина, и затоа според неа, би можело да останат на самиот филтер, ако струењето на воздухот би го подигнале од подлогата.

Таа вели дека иако самите можеме да ги измиеме филтрите со топла вода и средство за миење садови, најмалку еднаш годишно треба да се повика сервисер.

Кога се во прашање автомобилите, филтрите се менуваат најмалку еднаш годишно на технички преглед, но тие уреди функционираат различно, зашто надворешниот воздух влегува во возилото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2020 - 20:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега