Стојанче Ангелов влегува во трка за Претседател на Македонија

 

Лидерот на Достоинство и официјално влегува во претседателската трка на престојните избори на пролет. Тој објави дека ќе биде кандидатот за шеф на државата на неговата партија Достоинство

„Со почит кон досегашните претседатели Киро Глигоров. Борис Трајковски, Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов, кои беа претседатели во најтешкиот период, период на создавање независна македонска држава и одбрана на нејзиниот територијален интегритет, ми преостанува, доколку бидам избран, да ветам дека поцврсто, попринципиелно и бескомпромисно ќе се борам и ќе ги застапувам и бранам македонските национални и државни интереси -  изјави Ангелов.

Ангелов неодмна замина од коалицијата на СДСМ. Некои аналитичари коментираат дека кандидатурата на Анеглов е во договор со СДСМ за да се одвлечат дел од гласачите во македонската десница. Ангелов оваа информација ја демантираше во интервју за Пресс24

22.10.2013 - 15:02

најчитано сега