Змија која ретко може да се види, а во некои култури се верува дека најавува катастрофа
Љубител на диви животни во шума во источна Индија пронашол исклучително ретка змија со две глави, која ги зачудила и експертите.
Рептилот е неодамна роден и идентификуван како змија влекач која не е отровна. Експертите кои ја прегледале змијата рекле дека е долга 14 сантиметри и има две сосема одвоени глави со четири функционални очи и два јазика.
Двете глави на оваа ретка змија делуваат независно една од друга, поради што е тешко да преживее во природа.
Љубителот на диви животни и фотограф, Ракеш Мохалик, кој истражува разни видови и ја идентификувал оваа змија, рекол дека тоа значи дека животното на крајот ќе се натпреварува само со себе. Тој вели дека едната глава на таквите змии е малку поразвиена, но двете еднакво се борат за храна.
За животните со две глави во многу култури се смета дека носат катастрофа, а често се појавувале и во митологиите. Во дивината, едно од 100.000 животни се раѓа со две глави, пренесува „Дејли Мејл“.
Откако била идентификувана, змијата била пуштена назад во дивината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа