Оваа баба е вистински херој: Ја преживеала шпанската треска од која починале мајка ѝ и ќерка ѝ, а сега се бори со коронавирусот
Лубика Гренко (105), која ја преживеала шпанската грозница во 1918-та година, сега се бори со коронавирусот во старечки дом во градот Галуп, во американската сојузна држава Ново Мексико.
Лубика Луби Гренко, која позитивно била тестирана на коронавирусот на 29-ти април, родена е на почетокот на Првата светска војна и ја преживеала шпанската грозница која ги однела животите на нејзината мајка и сестра, a ги издржала и неволјите од големата депресија и Втората светска војна.
Од шпанската грозница починале нејзината мајка Маријета Козларик, која тогаш имала 28 години и 1-месечната сестра Ени, пренесува „AP“.
Внуката на Лубина, Мисти Толсон, вели дека нејзината баба се сеќава дека нејзината мајка отишла во болница и никогаш не се вратила.
Додала дека мисли дека нејзината баба не го разбира коронавирусот, бидејќи на еден член од семејството кој се појавил во заштитна опрема му рекла: „Што по ѓаволите имаш на себе?“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа