„Изгледам како чудовиште, образите ми се најлоши“ - славната актерка проговори за пластичните операции

 

56-годишната актерка Лиса Рина која се прослави со сериите “Melrose Place” и “Days of Our Lives”, во последните неколку години привлекува големо внимание поради лицето на кое се видливи претераните естетски корекции.

Актерката е инаку фалена поради нејзината витка линија во 57-та година од животот. Таа истакнува дека ја одржува фигурата преку фитнес, а во тинејџерските денови професионално се занимавала со тенис. 

Додека нејзината виткост предизвикува воодушевување, нејзиното лице кое доаѓа до израз особено кога нема шминка, изненадува. Своевремено Рина признала дека погрешила што направила толку естетски корекции, а изговор ѝ биле нејзините пријателки.

„Тоа го правев бидејќи го правеа и моите пријателки. Да се изгледа младо е една работа, но јас изгледам како чудовиште. Секогаш зборував дека нема да го “допирам” лицето, но сепак, за жал го направив тоа. Најлошо изгледаат моите образи, тука најмногу претерав”, раскажала актерката во една прилика

Лиса тврдела дека повеќе нема да оди “под нож”, но нема намера да се откаже од ботоксот. Таа ги намалила и усните во кои ставила силикони уште во 1986 година.

 
 
 
View this post on Instagram

Roxanne is So Ready for #RHOBH TONIGHT!!!!!!! @bravotv 

A pos shared by Lisa Rinna (@lisarinna) on Apr 15, 2020 at 9:44am PDT

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 12:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега