Српскиот епидемиолог откри дали можеме да се заразиме со коронавирусот во базен или во море

 

Србија започна со попуштање на мерките за заштита од коронавирусот, а од 1 јуни ќе ги отвори и своите граници за 4 земји, Македонија, Албанија, Цена Гора и БиХ, рече епидемиологот Кон.

Говорејќи за базени, мориња, како и спа центри, д-р Кон истакна дека во секој случај, потребно е да се почитува растојанието, што често не е лесно да се постигне.

- Водната околина, односно водата во базенот, е хлорирана и безбедна во тој поглед. Но, имаме растојание што не е лесно да се постигне. Спортските тренинзи треба да се одвиваат на растојание и во помали групи, без контакт, што е тешко во ватерполо, на пример. Спортските настани ќе бидат пуштени во јуни, како ќе се одвива се зависи од ситуацијата, а спортските настани ќе бидат без публика. Базените ќе бидат под контрола, нема посебна опасност од базени и море, барем во текот на месец јуни - истакна д-р Кон.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.05.2020 - 12:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега