Руска актерка: Додека бев во врска со Биковиќ, тој заврши во кревет со мојата мајка
Руската актерка Аглаја Тарасова беше во врска со познатиот српски актер, Милош Биковиќ,познат по улога во „Монтевидео“ и филмот „Јужен ветер“, а неговите фанови можеби не ги знаат деталите дека ја запознал нејзината мајка, несудената баба – во кревет!
Популарниот актер се забавувал со убавата Русинка од 2016 до 2018 година, а во тој период го снимал филмот „Митови“. Тогаш дојде секс сцената со мајката на Аглаја, исто така добро познатата актерка, Ксенија Рапопорт (46).
– Милош и јас се забавувавме долго време и во еден момент логично беше да го запознаам момчето со мајка ми. Тој и јас разговаравме и сфативме како најдобро да го сториме тоа. Не успеавме да искористиме добра можност да ги исполниме тоанивно запознавањр. Случајно, Милош во тоа време доби улога во филмот „Митови“, а таму играше и мајка ми Ксенија Рапапорт – изјави убавата актерка за руските медиуми и продолжи: „Бев шокирана кога Милош ми рече дека од сите актерки во филмот, мајка ми ја игра неговата љубовница и дека ќе има една жешка сцена! Редовно одев на снимањето на филмот , но тој ден кога се снимаше секс сцената помеѓу моето момче и мајка ми, не ми беше дозволено да се појавам. Останав дома, седнав, погледнав во една точка и си помислив: „Боже, каков е животот…“
Љубовната сцена на Ксенија и Милош се одвива и во театар, и тоа среде претстава. Во моментот кога ликот на Биковиќ седи во ложа, мајката на Аглаја пристигнува кај него, тој веднаш започнува со соблекување и двајцата водат љубов.
Милош Биковиќ не сакаше да зборува многу за таа тема, но тој потврди дека ја запознал мајката на неговата поранешна девојка на исклучително необичен начин.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа