Бизарен инцидент во Ниш: Украле пиво па ја претепале и изгризале сопственичката на трафиката
Сопственичка на трафика добила тупаници, но и по некое гризнување откако се обидела да наплати украдени пива во Ниш, јавуваат српските медиуми.
Две лица украле пива и седнале во паркот Свети Сава, но сопственичката на трафиката дошла за да бара пари за украдената стока.
-Жената им пришла и замолила да го платат или да го вратат пивото. Еден од нив станал ја бутнал и ја гризнал за раката. Другиот ја шутнал во нога, а потоа двајцата ја удирале со шишиња по главата и телото, велат од српската полиција.
Таа со Итна медицинска помош била префрлена во Клиничкиот центар каде била прегледана и пуштена на домашно лекување. Двајцата нацилници се уапсени. Станува збор за двајца браќа од околината на Јагодина.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа