Ниту германскиот селектор нема да може натпреварите од Бундеслигата да ги гледа од стадион

 

Иако е селектор на германската репрезентација, на Јоаким Лев нема да му биде дозволен пристап на стадионите во Германија.

Поради мерките за превенција против коронавирусот воведен е максимален број на луѓе кои ќе можат да присуствуваат на стадионите, а нема мести ниту да тренерот на „панцирите“.

Бундеслигата се враќа в сабота, а ќе биде дозволено вкупно 322 лица да бидат на стадионот, исклучиво членови на двата клуба кои се натпреваруваат.

Лев веќе 14 години седи на клупата на Германците а се подготвуваше да ги предводи и на Европското првенство кое е одложено за 2021 година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.05.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега