Србија ги отвори градинките и веднаш се појави коронавирус - вработена е заразена

 

Само два дена откако беа отворени градинките во Србија, денеска во една од овие установи е регистрирана медицинска сестра позитивна на корона вирусот. Српски „Телеграф“ пишува дека таа ги примала децата кои во понеделникот почнале да доаѓаат во градинката.

Медицинската сестра вработена во претшколската установа „Милка Диманиќ“ во гратчето Власотинце немала ниту еден симптом на Ковид-19, но скринингот кој претходно бил направен, како услов за отворање на градинките, потврдил дека медицинската сестра е позитивна.

Инаку, мерките за безбедност во градинката при примањето на децата биле целосно испочитувани, наведува „Телеграф“, односно заразената медицинска сестра имала заштитна облека на себе на првиот работен ден. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега