Грчкиот премиер најави: Ако сѐ оди по планот ги отвораме границите на 1. јули

 

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис најави дека Грција ќе ги отвори границите за странските туристи на 1. јули, ако ситуаијата во врска со коронавирусот се одвива по планот.

-Ќе го отвориме туризмот на 1. јули ако тоа биде исправно и за оние кои сакаат да патуваат и за нашата туристичка индустрија - рекол Мицотакис на оналјн конференција, на која учествувале 500 лидери.

Тој изразил уверување дека правилното управување со пандемијата коронавирус ќе доведе до брзо економско закрепнување, пренесува АНА.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2020 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега