ВИДЕО: Општ хаос во Тирана - масовни протести на улиците, меѓу уапсените е и сопругата на претседателот
Албанската полиција се соочи во Тирана со симпатизерите на опозицијата кои протестирале поради рушење на зградата на Народниот театар.
Група уметници и некои лидери од опозицијата утринава го притиснале местото пред зградата пред да почне рушењето.
Еден политичар од опозицијата рекол дека уапсени се 30 лица, меѓу кои и новинар.
На телевизиска снимка можело да се види како полицијата ја внесува во комбе лидерката на малата опозициона партија Моника Криемади, сопруга на претседателот на Албанија, Илир Мета.
Одлуката на владата да се сруши зградата на Народниот театар која ја изградиле Италијанци кога ја окупирале Албанија во Втората Светска војна, не била прифатена од уметниците, опозиционерите и другите граѓани, истакнувајќи дека треба да се реновира.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа