Милијардерот изгради „чудо“ под земја: Тунелот на иднината треба наскоро да почне со работа (ВИДЕО)

 

 

Компанијата во сопственост на американскиот милијардер Елон Муск, "Boring" , го заврши ископувањето на вториот од двата тунела наменети за системот за подземен транзит.

Минатата година компанијата доби договор за изградба на 1,6 километарски тунелен систем. Трошоците изнесуваат 52,5 милиони долари, а сите работи ќе бидат завршени во јануари 2021 година. Ова претставува првиот чекор на  "Boring" во комерцијален транзит.

Проектот е официјално наречен „Јамка на конвенционалниот центар“ и ќе превезува патници под Конвенцискиот центар во Лас Вегас со автономни електрични возила на Тесла. Системот е дизајниран така што може да пренесе повеќе од 4.000 луѓе за еден час, така што 15-минутно пешачење, ќе биде заменета со двоминутно возење. Идните експанзии треба да ги поврзат познатиот Стрип, Меѓународниот аеродром со стадионот во Лас Вегас.

Сега кога двата тунела се завршени, компанијата ќе започне со работа на надземни патнички станици од двете страни на тунелот, а ќе има и трета подземна станица во средината на кругот.

Системот треба да почне да функционира во јануари следната година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.05.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега