Трикови кои ќе ви помогнат да го продолжите векот на батеријата на вашите смартфони
Честото користење на мобилните телфони доведува до претерано трошење на батеријата, а со самото слабеење на батеријата сѐ побавно се полни. Сепак, постои начин како да го продолжиме векот на батериите на смартфоните.
-Животот на батериите воглавно се состои од 500 полни циклуси, односно околу година и пол. Циклусот на батеријата се мери по едно полнење од 0 до 100. Тоа значи дека што повеќе полни циклуси ќе помине вашиот телефон, толку повеќе ќе трае, вели Лиз Хамилтон, директорка на Одделението за корисници ку купувачи во Мобајл Клиник – компанија која се занимава со поправање на телефони.
За батеријата да трае што е можно подолго постои препорачана метода на полнење на уредот. Хамилтон открива дека мобилниот треба само делумно да се наполни за да се забави празнењето на батеријата. Идеално полнење е меѓу 25 и 85 отсто.
-На вашата батерија најмногу и штети ако мобилниот го оставите да се полни до крај, односно 100 отсто. Многу луѓе го прават тоа, а не се свесни за лошите последици врз својот уред, вели таа.
Исто така, треба да се внимава батеријата да не падне на тотална нула. Ако батеријата сепак се полни до крај потребно е што побрзо да тргне полначот од струја.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа