Едноставен трик со кој јагодите нема да ви скапуваат
Во тек е сезоната на јагоди, омиленото овошје на многумина, па добро е да се знае како да се сочува ова овошје за да не изгние.
Потребна ви е само една состојка што сигурно ја имате дома.
Во еден сад измешајте половина чаша оцет и две и пол шолјички вода, а потоа додајте ги јагодите и оставете ги да отстојат неколку минути. Оцетот ќе ги уништи сите бактерии што предизвикуваат брзо расипување, а потоа при јадењето на јагодите нема да го почувствувате оцетот.
Потоа исушете го овошјето темелно. Колку подобро ќе ги исушите, толку подолго ќе траат. Јагодите можете да ги чувате во фрижидер, а можете да ги држите и во кутија обложена со хартиена фолија, која ќе ја собере сета дополнителна влага. Овој трик можете да го користите и со другите бобинки. На тој начин и капините и малините ќе останат свежи подолго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа