СДСМ остана без 5 пратеници во Собранието

Закон за бранители, Анкетна комисија за 24 декември, нови пратенички групи - полни раце работа за пратениците по празниците.  Стартуваа со новите деловнички правила. 

Од денеска почна да се мери времето на говорење во комисиите. Во прво читање народните избраници ќе може да зборуваат максимум 20 минути, а координаторите 30 минути .При амандманската расправа времето за говорење се скратува дупло.

Покрај ограничувањето, новитет во Парламентот за скоро време, најверојатно ќе биде и новата пратеничка група на Драгиша Милетиќ. Лидерот на Српската напредна странка за неделава најавува разговори со Фијат Цановски. Според најавите  на Милетиќ и Цаноски ќе им се придружи и лидерот на ЛП, Ивон Велиичковски.

Во меѓувреме владејачката партија ја повикува опозицијата да се појави на координација кај спикерот Вељаноски, да го договорат продолжението на расправата за бранителите.

По велигденските празници ретко мирна атмосфера во законодавниот дом. Значи ли ова затишје пред бура и најава за долго жешко лето во Собранието?