Ѓоковиќ има „магична напивка“ со кој се чува од коронавирусот
Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ е човек кој многу внимание посветува на својата исхрана и сопственото здравје. Тој важи за човек и кој внимава што јаде и колку јаде. Веќе со години консумира веганска храна, а неодамна откри која билка ја користи за појадок.
Станува збор за целерот, билка која е достапна на сите и која многу често се користи како зачин, особено во подготвување на домашна супа и чорба, а неговото стебло е многу хранливо и делотворно за здравјето на луѓето.
Токму во време на коронавирусот, Новак секое утро за појадок јаде салата од целер. Појадокот е најважниот оброк во неговиот начин на живот и тој ништо не препушта на случајност. Новак секој ден го почнува со вода со лимон и лимета на празен стомак, а потоа пие свежо исцеден сок од стебло од целер.
Во прашање е семејна напивка, го консумира и неговата сопруга Јелена, како и децата синот Стефан и ќерката Тара, со тоа што тој се подготвува во комбинација со јаболка и краставица поради јачината на вкусот.
Целерот е билка со посебни нутритивни и лековити особини, постои во див и питом облик, но и двата се лековити. Целерот е зеленчук кој во минатото луѓето го земале зимно време и сметале дека го засилува организмот, додека неговите семки се користат за олеснување на болките. Денеска, главно, се користи како зачин или како прилог во јадење, а неговата лековитост е потврдена со помош на разни истражувања.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа