Жидас Даскаловски: Дојдовме на дното иако сè уште ни преставуваат дека блескаме

 

Катастрофалено справување со кризата со Ковид 19, без какви било рационални објаснувања. Битката со епиедемијата одамна е загубена, а избори се незамисливо сценарио. Вака политичкиот аналитичар, и универзитетски професор, Жидас Даскаловски ги оценува акуелните состојби во државата, во интервју за Прес24. Смета дека одлуки се носеа и носат не врз база на податоци, анализи, стратегија, туку на политиканство и односи со јавност.

- Мерките кои властите ги преземаат ниту помогнаа во спечувањето на ширењето на заразата, ниту помогнаа на економијата, негативно влијаеа на индивидуалните слободи, ослабувајќи го имунитетот на граѓаните. Никакви рационални објаснувања и план не видовме. Зошто се затворени огромен дел од населението ако може точно да се лоцира кои фамилии и локации се ризични?, вели Жидас Даскаловски во интервју за Прес24.

Тој вели дека непотребното форсирање на дебатата околу избори е катастрофално лош потег со последици за сите нас. 

-Наместо да се обидат да ги надминат разликите и да вклучат што повеќе кадри на опозицијата во влада која е техничка се со една цел да се намалат ефектите на епидемијата, власта подметнува и се обидува да го сврти вниманието на јавноста кон министерот за внатрешни работи не баре тој и преку него ВМРО-ДПМНЕ ги донесува одлуките на владата. Истата влада на СДСМ чии членови, безправно, неморално, безскрупулозно, влегоа во изборна кампања делејќи „доброволна помош„, а потоа и со средби со граѓани ширум Македонија, вели Жидас Даскаловски во интервју за Прес24.

ПРЕС 24: Како одговор на зголемениот број на нови случаи на Ковид 19, власта го враќа карантинот и полицискиот час. Колку оваа одлука за ваков полициски час е исправна?

ДАСКАЛОВСКИ: Сведоци сме на катастрофално справување со кризата со КОВИД-19. Мерките кои властите ги преземаат ниту помогнаа во спечувањето на ширењето на заразата, ниту помогнаа на економијата, негативно влијаеа на индивидуалните слободи, ослабувајќи го имунитетот на граѓаните. Никакви рационални објаснувања и план не видовме. Зошто се затворени огромен дел од населението ако може точно да се лоцира кои фамилии и локации се ризични?

ПРЕС 24: Последните неколку денови нешто чудно се случува со менаџирањето на пандемијата со Ковид 19 во Македонија. Досека балканските држави бројат едноцифрени заразени, Македонија го доживува пикот на заразата. Но, она што дополнително е комоплицирано е што целата ситуација влегува во политичката агенда на партиите. Ја губи ли Македонија контролата и здравствена, но и општествено-политичка во оваа пандемија?

ДАСКАЛОВСКИ: Ја изгуби одамна. Соседите имаа и план и реализација ние, нити едното нити другото. Одлуки се носеа и носат не врз база на податоци, анализи, стратегија, туку на политиканство и односи со јавност. Згора на се, во вакви вонредни околности, наместо сплотеност, власта е во постојана борба со опозијата. СДСМ дури и инсистира на избори час поскоро, што е директна закана кон здравјето на сите. 

ПРЕС 24: Состојбата како да излегува од контрола, а опозицијата и власта бараат виноивници едно во други. За власта, тоа е министерот за внатрешни, кој дозволувал прекршување на мерките без санкици, за опозицијата пак тоа власта која ја политизирала комисијата за заразани болести. Здравствените власти пак тврдат дека состојбата е под контрола. Кому да му се верува во една ваква какафонија?

ДАСКАЛОВСКИ: Никому. Секој треба да се пази и делува во заштита на сопствениот интерес. Оваа влада е делегитимирана и штетна за граѓаните и земјата. Иако може да се коментира дека и власта и опозицијата не постигнаа ниво на слога заеднички да работат во справување со кризата, главната вина за состојбите е во владеачката коалиција предводена од СДСМ.

ПРЕС 24: Она што веројатно е заеднички именител и за односот на граѓаните кои се повеќе ги кршаат мерките, о за позционирањето на партиите е дека се почна да излегува од конторла некаде после први мај, кога изборите станаа централна тема. Иако барањето логика во се ова е малку тепка операција, сепак можно ли е овој период, наместо здравствена, ад аимаме политички наметната состојба?

ДАСКАЛОВСКИ: Непотребното форсирање на дебатата околу избори беше и е катастрофално лош потег со последици за сите нас. Наместо да се обидат да ги надминат разликите и да вклучат што повеќе кадри на опозицијата во влада која е техничка се со една цел да се намалат ефектите на епидемијата, власта подметнува и се обидува да го сврти вниманието на јавноста кон министерот за внатрешни работи не баре тој и преку него ВМРО-ДПМНЕ ги донесува одлуките на владата. Истата влада на СДСМ чии членови, безправно, неморално, безскрупулозно, влегоа во изборна кампања делејќи „доброволна помош„, а потоа и со средби со граѓани ширум Македонија.

ПРЕС 24: Една од теориите кои пронаоѓаат некаков бенефит за власта во оваа ситуација е наметнување општествена перцепиција дека најитно е потребна политички стабилна влада и функционален парламент, која ќе може да се справи со сосѕојбата, бидејќи техничката влада е заложник на политичи интереси? Колку е ова логично?

ДАСКАЛОВСКИ: Нималку. Се работи за чиста борба за одржување на власт и ништо повеќе. Веќе коментирав што (не) правеа и како можеа да се однесуваат за доброто на сите. На некој начин нефункционирањето на парламентот всушност и им ја поденоставува работата затоа што за мерки кои се битни во епидемијата веднаш може да се состане владата. Сега тоа е приоритет а не закони/уредби за брусење на дијаманти и слично.   

ПРЕС 24: Ако нема нова вонредна состојба, се поизвесно е дека избори ќе има на 5 јули. Можно ли е во ваква состојба од карантин да се оди на избори?

ДАСКАЛОВСКИ: Со оваа власт се е можно, но доколку опозицијата не учествува тие избори нема да се легитимни и само ќе ја продлабочат кризата.

ПРЕС 24: Опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ засега се противи на брзо одржување на изборите. Можни ли се избори без учество на најголемата опозициска партија?

ДАСКАЛОВСКИ: Такви избори би имале рекордно мала излезност, би биле загроза за здравјето на тие што ќе излезат и ќе го устоличат недемократското владеење на СДСМ. По меѓународни извештаи кои долги години беа позитивни за СДСМ, сега Македонија се смета како нефункционална деморкатија, хибриден режим, полудемократија и слично. Анализите за состојбата со медиумите, индивидуалните права, економските реформи се уште полоши. Дојдовме на дното иако се уште ни преставуваат дека блескаме.

ПРЕС 24: Но, ако се анализира и позицијата на ВМРО-ДПМНЕ низ призма на нивната увереност дека оваа влада е на заминување,  сепак малку е нејасен савот да се пролонгираат изборните процеси за на есен. Што би добила опозицијата по три месесци, што не би го добила сега на избори?

ДАСКАЛОВСКИ: За мене нити на есен не треба да има избори ако не сме во можност да се справиме со епидемијата. Тука не треба да се гледа дали има добивка ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ, прашањето на здравјето на граѓаните е приоритетно. Избори само ако се стабилизира здравствената криза. Во меѓувреме СДСМ и ДУИ треба да најдат начини и форми да ги вклучат и ВМРО ДПМНЕ и Алијанса за албанците во раководење со државата.

ПРЕС 24: Малку за македонските евроинтеграции. НАТО е завршена приказна. Станува ли Бугарија, новата Грција за Македонина, овој пат на патот кон ЕУ?

ДАСКАЛОВСКИ: Да, и тоа лесно можеше да се предвиди. И тоа нивните барања се само врв од сите проблеми што ги имаме во тој процес. 

ПРЕС 24: Кога може да се очекува реално почнување на преговорите, и дали овие пролонгирања се резултат на оваа светска пандемија, или пак проблемите дома се уште не се затворени?

ДАСКАЛОВСКИ: До крајот на годината може да очекуваме некое помрднување иако тој процес не зависи од нас туку од односите внатре во ЕУ, па и од поставеноста на Бугарија.

ПРЕС 24: Вредеа ли договорите со Грција и Бугарија за ова што денеска го имаме како нова политичка реалност на патот на Македонија кон Брисел?

ДАСКАЛОВСКИ: Има работи кои не се за продавање по никоја цена. Некој мислеше поинаку, па историјата и граѓаните ќе им судат за постапките преку избори.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.06.2020 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа