Драма на протестите во Лос Анџелес: Дете загубило свест и престанало да дише, полицајците притрчале на помош (ВИДЕО)

 

 

Еден случај што се случи на протестот во Лос Анџелес можеше да заврши лошо ако полицијата не реагираше брзо.

Мајката на 11-месечното дете и друга жена беа на протестите, кога на детето му се слошило, изгубило свест и престанало да дише, пренесува полицијата, пишува Си-Ен-Ен.

Во медиумите се појави снимка која настанала на 31 мај, а на која се гледа драматичната сцена која се одиграла на еден паркинг. Две жени во паника трчале носејќи го детето кое не дишело.

Трчале кон полицајците кои ги надгледувале протестите во Лос Анџелес, а тогаш им се доближил полицаецот Камерон Кинси и му пружил прва помош на детето.

Тој успеа да ги одблокира дишните патишта на момчето, кое, како што пишуваат медиумите, проголтало паричка. Детето повторно почнало да дише, а потоа било одведено со брза помош во блиската болница.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега