СДСМ ја напушти седницата во Центар

 

Советниците на СДСМ во Советот на Општина Центар во знак на солидарност со Претседавачот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ, и колегите од општина Центар, нема да присуствуваат на оваа седница на Советот на општината, рече денеска координаторот на советничката група на Сојузот за иднината, Игор Алаџајков.

-СДСМ нема да дозволи Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ со институционално насилство да ја превземат контролата врз општина Центар. По неуспехот со изборната тортура власта е во нов поход, преку монтирани политички процеси да ја поништат јасно изразената волја на граѓаните. Единствениот грев на Претседателот на ОО на СДСМ Центар и Претседавач на Советот на Општината е што не попушти под заканите и притисоците на власта, рече денеска Алаџајков.

 

 СДСМ, истакна Алаџајков, бара судот да ја укине мерката притвор за Мирослав Шиповиќ и да му дозволи да се брани од слобода. 

-Ја повикуваме власта да престане со притисок судот однапред да му пресуди на Шиповиќ а со тоа и на волјата на граѓаните во Центар. Очекуваме дека кај ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ќе проработи разумот и ќе се обезбеди непречено функционирање на Општина Центар, рече Алаџајков во името на Сојузот за иднината.

 

 

24.10.2013 - 14:31

најчитано сега