Го убил шефот бидејќи му должел неколку плати - детали за пукотниците во Марибор

 

Пред неколку часа пукотници го потресоа Марибор при што животот го загубија три лица среде центарот на градот. Според податоците од локалните медиуми, до пукотниците дошло бидејќи работникот Миливој Чук кој работел во градежна фирма чиј сопственик е Албанец, извесно време бил на боледување, а бидејќи не му биле исплатени пари, се решил да оди и да си ги бара.

По кусата расправија, Чук пукал кон 55 – годишниот Абедин кој му бил шеф и кон неговиот 28 – годишен син Гзим, а потоа самиот си го одзел животот.

Инаку, полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот, а граѓаните се предупредени да не се приближуваат, а специјалци ги чуваат градинката и училиштето кои се наоѓаат во близина. Специјалците не им дозволуваат на дечињата да ја напуштат зградата.

24.10.2013 - 14:34
Фото: 
Пулс24

најчитано сега