Заврши сезоната во Ла Лига за Гризман, неизвесен и за натпреварот против Наполи во ЛШ
Барселона многу веројатни до крајот на сезоната ќе остане без Антоан Гризман, кој заработи повреда на вчерашниот дуел против Ваљадолид кон крајот на првиот дел, по што на полувреме беше заменет.
-Гризман има повреда на квадрицепсот на ногата, поради што ќе мора да паузира извесно време. Точната должина на паузата засега не е позната, но тој дефинитивно нема да може да настапи на последните две средби сезонава во Ла Лига, објавија од лекарскиот тим на Барса.
Французинот ќе ги пропушти последните натпревари од шпанскиот шампионат, но она што е поголем удар за нив е тоа што многу веројатно нема да биде дел од реваншот од осминафиналето во ЛШ против Наполи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа