ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката за разрешување на Вељановски нема поддршка од нас!

 

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска се огласија по повод барањето на СДСМ за разрешување на собранискиот спикер, Трајко Вељановски.

- Би сакал да потенцирам многу јасно. Одлуката за разрешување на претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски нема поддршка од нас. Барањата за Анкетната комисија и за надзорната расправа треба да бидат согласно со Деловникот и Законот за Собрание, а не онака како што СДСМ се обидува да наметне, нагласи денеска Илија Димовски.

Димовски додава дека очигледно е дека опозициската СДСМ не ги признава институциите и нивните одлуки, не го почитува интегритетот на избраното мнозинство во Собранието, не ги почитуваат судските одлуки и постапки повторно само кога станува збор за нивни членови.

СДСМ денеска во Собранието најави дека ќе поднесе предлог - одлука за разрешување на првиот парламентарец и оти ќе бара одржување надзорна расправа за нарушување на пресумпцијата на невиност, злоупотреба на притворот, загрозувањето на правото на изразување и медиумската слобода и одржување на посебна седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот.

24.10.2013 - 16:25

најчитано сега