ДУИ: Со СДСМ нема договор
Демократската унија за интеграција ја демантира изјавата на лидерот на ДПА Мендух Тачи дека се договориле со СДСМ да гласаат за разрешување на Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
„Опозицијата ги има сите можности да ги спроведе своите активности, но ние во ДУИ би сакале да најдеме консензус за важните прашања, а не да се занимаваме со теми кои не оддалечуваат од интеграцијата во НАТО и во ЕУ“, се вели во соопштението на ДУИ со кое се отфрла барањето за разрешување на Вељановски од страна на СДСМ.
Претходно, лидерот на ДПА, Мендух Тачи изјави дека ДУИ се согласиле да го поддржат СДСМ и да гласаат за смена на Вељаноски бидејќи собранискиот спикер не дозволувал заменичката од редовите на интегративците да зборува на албански јазик
24.10.2013 - 18:34