Жените полесно се здебелуваат од мажите, позната причината

 

Во некои делови на светот, екстремната дебелина е почеста кај жените отколку кај мажите, покажуваат податоците од Светската здравствена организација. Во новото истражување е утврдено дека клучот лежи во хормоните задолжени за контрола на апетитот, телесната активност, потрошувачката на енергија, и на крајот, намалувањето на телесната маса.

Станува збор за проопиомеланокортин пептиди, кои се произведуваат во делот на мозокот вклучен, меѓу другото, во процесот на согорување на калории.

Експериментите спроведени на животни покажаа дека дејството на овие хормони зависи од полот, пишува стручното списание „Молекулар метаболизам“.

Според СЗО, од прекумерна дебелина страдаат 1,4 милијарди луѓе.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.07.2020 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега