Премиерот Груевски: Многудетните семејства ќе помогнат да опстои нацијата

Претседателот на македонската Влада, Никола Груевски, на отварањето на новата градинка во населеното место Колонија пред присутните истакна дека речиси сите македонски херои растеле и живееле во многудетни семејства.

- Денес имаме своја држава, имаме слобода и демократија, мир и безбедност, но за волја на вистината, како и други европски земји се соочуваме со незапирлив пад на наталитетот и намалување на бројот на новороденчиња. Во последните 50 - тина години бројот на новородени деца во Македонија е за два пати намален и тоа е голем загрижувачки податок, рече премиерот Никола Груевски, пренесе Курир.

Премиерот истакна дека во Гази Баба повеќе од 30 години не била изградена градинка, а сега во новиот објект ќе бидат згрижени 80 дечиња.

- Сепак сите ние живееме и создаваме за нашите потомци, така го потврдуваме нашето постоење. Тоа е најсигурна инвестиција во иднината, рече Диме министерот за труд и социјала Диме Спасов.

Инаку, се работи за инвестиција од 28 милиони денари.

25.10.2013 - 10:26

најчитано сега